Според најавите од Островот, Калвин Филипс од редовите на Манчестер Сити е на добар пат да пронајде нов клуб.
Екс-фудбалерот на Лидс не ги оправда очекувањата во Манчестер и вториот дел од сезоната го мина во Вест Хем на позајмица, а и „чеканите“ одлучија да не го откупат неговиот договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак Сити изгледа пронашол нов клуб каде што ќе биде позајмен. Најавите се дека со новиот премиерлигаш Ипсвич постигнале договор за позајмица од една година.
Ипсвич ќе биде шанса Филипс да си ја врати кариерата на вистинските патеки, додека Гвардиола би се ослободил од фудбалер кој го смета за „вишок“.