НБА лигата објави дека во трката за најкорисниот играч, наградата МВП на сезоната, останаа тројца кошаркари Расел Вестбрук, Џејмс Харден и Каваи Ленард. По објавувањето на лисатата стана јасно дека по цели осум години во трката за МВП наградата го нема Леброн Џејмс.
Според многумина МВП наградата треба да замине кај плејмејкерот на Оклахома, Вестбрук, кој зад себе има надреална сезона. Тој оваа сезона го собори рекордот на Оскар Робертсон, откако заврши со трипл дабл просек, а вкупно во регуларниот дел имаше 42 трипл дабл учиноци.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вестбрук има просек од 31,6 поени, 10,4 асистенции и 10,7 скокови и успеа да ја донесе Оклахома до петтото место на Западот.
Џејмс Харден, според учинокот е веднаш зад Вестбрук. На 22 натпревари тој забележа трипл дабл. Во плеј офот Хјустон ја елиминира Оклахома, но во полуфиналето на Западот испадна од Сан Антонио.
Каваи Ленард е најдобриот и највлијателниот играч кај Сан Антонио. Просечно по натпревар бележи 25,5 поени, 5,8 скокови и 3,5 асистенции.
Во останатите конкуренции, во игра останаа Мајк Д’Ентони (Хјустон), Грег Попович (Сан Антонио) и Ерик Сплостра (Мајами) за тренер на годината, односно Малком Брогдон (Милвоки), Џоел Ембид (Филаделфија) и Дарио Шариќ (Филаделфија) за најдобар дебитант.
Руди Гобер (Јута), Дрејмонд Грин (Голден Стејт) и Каваи Ленард (Сан Антонио) се во конкуренција за дефанзивец на годината, а Ерик Гордон (Хјустон), Андре Игудала (Голден Стејт) и Лу Вилијамс (Хјустон) се во конкуренција за најдобар шестти играч.
Имињата на добитниците на наградите ќе бидат објавени во директен пренос на телевизијата ТНТ на 26.јуни.