Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, победи на трката за Големата награда на Малезија, што е негова втора победа во кариерата и на најдобар можен начин го прослави својот 20-ти роденден.
Верстапен во четвртиот круг го мина до тој момент водечкиот Луис Хамилтон и до крајот со сигурно возање ја задржа челната позиција. Хамилтон го освои второто место, а трет беше клупскиот колега на Ферстапен Даниел Рикардо.
Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓
Трката не ја започна Кими Раиконен, кој во квалификациите беше втор. Поради технички проблеми тој воопшто не стартуваше.
Себестијан Фетел кој стартуваше од последната позиција заврши на четвртото место пред Валтери Ботас. Бодови уште освоија Серхио Перез од Форс Индија, Стофел Вандорн (Мекларен), возачите на Вилијамс Ленс Строл и Фелипе Маса, односно Себастијан Окон од Форс Индија.
По трката во Малезија Хамилтон ја зголеми предноста во генерланиот пласман на 34 бодови во однос на Фетел. Британецот има 281 бод, Фетел 247, а трет е Рикардо со 222. Победникот Верстапен е на шестото место со 93 бода.
Наредната трка во шампионатот во Формула 1 ќе се вози на 8-ми октомври во Јапонија.