Екипата на Верона се засилува пред новата сезона во Серија А.
Поранешниот фудбалер на Торино, Милан и Атлетико Мадрид, Антонио Черчи е нов фудбалер на Верона.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Тој веќе ги помина медицинските прегледи и потпиша договор со италијанскиот клуб, се претпоставува дека е во траење од една години.
По неговите стапки наскоро би можел да тргне и Антонио Касано. Тој денес би требало да го заврши трансферот во Верона како слободен играч откако ќе ги помине лекарските прегледи.
Верона пред околу еден месец ги демантираше информациите дека Касано ќе пристигне во клубот, но сега целиот трансфер е пред реализација.