Арсен Венгер нема намера да го заврши преодниот рок со доведувањето на Лаказет, нова мета е фудбалерот од средината на Јувентус.
Како што пренесува италијански „Тутоспорт“, лондонскиот клуб веќе го контирал раководството на Јувентус и им соопштиле дека се спремни да го доведат Миралем Пјаниќ во Лондон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, „Топџиите“ се спремни да понудат 35 милиони евра за Босанецот. Пјаниќ одигра фантастична сезона во дресот на „старата дама“, доколку дојде до реализација на оваа желба на Венгер, Пјаниќ во Лондон би му се придружил на својот сонародник Сеад Колашинац.
Покрај Арсенал, претходно интерес за овој фудбалер покажа и Барселона. Токму Миралем Пјаниќ се споменуваше како наследник на Андрес Иниеста.