Арсен Венгер нема намера да го напушти кормилото на Арсенал и веќе прави планови да го засили тимот за следната сезона.
Англиските медиуми тврдат дека Венгер сака да донесе искусни и квалитетни засилувања, па главна цел е плејмејкерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мундо Депортиво“ пренесува дека раководството на „топџиите“ веќе спремило понуда од 60 милиони евра за хрватскиот репрезентативец.
Модриќ без сомнеж веќе неколку години е еден од главните играчи на Реал Мадрид, меѓутоа „кралевите“ се спремни за реновирање и подмладување на тимот ова лето.
Поради тоа „топџиите“ се надеваат дека ќе можат да го убедат Перез да го пушти 32-годишниот Модриќ, за кого се спремни да платат 60 милиони евра.
Останува да видиме како ќе реагираат „кралевите“ на оваа понуда, но доколку се реализира овој трансфер, Арсенал сигурно ќе добие огромно засилување.
El Arsenal ofrece 60 millones por Modric https://t.co/IEC8mwwSkh pic.twitter.com/236uSfVeft
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) March 14, 2018