Арсенал денес беше поразен на гостувањето против Бурнемоут, а за овој натпревар во составот го немаше Алексис Санчез, потег со кој Венгер крена огромна прашина.
Медиумите во Англија, се сигурни дека Санчез ќе премине во редовите на Манчестер Јунајтед, а трансферот би можел да биде официјализран многу брзо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Секако, по натпреварот Венгер не можеше да го избегне прашањето за Санчез.
„Ситуацијата во овој момент не е јасна, не знам што ќе се случи и каде игра, поради тоа не беше во комбинација за овој натпревар. Не би било убаво да патува со нас, а по два дена да замине. Можеби ќе замине денес, можеби утре, можеби и нема да замине“, изјави Венгер.
Со изоставувањето од составот, но и оваа изјава во која иако напоменува дека можеби нема да замине, Венгер веројатно го најави трансферот на Санчез кој би требало да го облече дресот на Манчестер Јунајтед.
Arsène Wenger has confirmed that Alexis Sánchez's future will be decided in the next 48 hours.
(Source: Various) pic.twitter.com/p0tScOuJOl— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 14, 2018