Дома Топ вести Венгер носи засилување од седмата англиска лига!

Венгер носи засилување од седмата англиска лига!

Арсен Венгер важи за тренер кој им дава шанса на млади таленти, а медиумите тврдат дека сега сака да донесе фудбалер кој нема професионално искуство и игра во седмата англиска лига.

Станува збор за 20-годишниот Коен Бремал, кој сега игра во седмата по квалитет лига во Англија, во тимот на Хеднесфорд таун и го нарекуваат „новиот Варди“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Скаутите на Арсенал го забележале додека бил на проба во Шефилд Венздеј, и веднаш му понудиле да дојде да одработи неколку тренинзи и со првиот тим на „Емирати“. Тој ги задоволил вкусовите на Венгер и најверојатно ќе му биде понуден професионален договор.

Бремал, кој настапува на позиција лево крило наскоро ќе биде прекомандуван во У23 тимот, каде за почеток ќе треба да стекне потребно искуство.

Во највисокиот ранг се почест е случајот кога екипите ангажираат полупрофесионалци, најпознат е примерот на Џејми Варди, а од најниските рангови започнаа и фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Крис Смолинг, како и напаѓачот на Саутемптон, Чарли Остин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…