Дома Фудбал Англија Венгер за новиот договор на Озил: Тој беше најефтината опција

Венгер за новиот договор на Озил: Тој беше најефтината опција

venger

Aрсен Венгер одлучи на Месут Озил да му понуди нов договор и да го задржи на „Емирати“ според Французинот тоа е најефитината опција за Арсенал.

Месут Озил потпиша нов договор со Арсенал кој има вредност помеѓу 300 и 350 илјади фунти неделно и истиот ќе има важност до 2021 година.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Иако е најплатен фудбалер на Арсенал, Венгер објасни дека тој бил најефтината опција за „топчиите“.

„Кога ќе пуштите квалитетен фудбалер да си замине без оштета тогаш е потребно да доведете фудбалер од ист калибар на негово место. Поради тоа потребно да издвоите иста или слична плата. Покрај, тоа веројатно ќе треба да платите и оштета“.

„Токму поради тоа мислам дека Месут е најефтината ипција. Ме прашувате дали ми е жал затоа што останатите играчи се помалку платени? Сите тука се добро платени, многу добро“, изјави Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Рајс до селекторот на Словачка: Замолчи ку*во една!

Aнглиската репрезентација се пласираше во четврфиналето на Европското првенство откако во …