Францускиот стручњак, Арсен Венгер, истакна дека ја поддржува идејата на ФИФА да воведе гол технологија на фудбалските натпревари.
Менаџерот на Арсенал призна дека ги следел натпреварите од Купот на конфедерациите токму поради гол технологијата која дебитира на ова натпреварување. Судиите веќе имаа полни раце работа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Венгер изјави дека му е жал што таква технологија во фудбалот не се воведе порано.
„Би го избрал голот за изедначување на Барселона во финалето 2006 година кој беше постигнат од офсајд позиција. Ние на половина час пред крајот водевме со 1:0 и бевме многу блиску да ја освоиме Лигата на шампионите. Тоа е единствениот трофеј кој ми недостасува со Арсенал. Доколку технологијата постоеше во тоа време ние во 2006 година ќе бевме шампиони на Европа“, изјави Венгер.