Дома Трансфер зона Венгер го сака овој фудбалер по секоја цена, но проблем е Барса!

Венгер го сака овој фудбалер по секоја цена, но проблем е Барса!

Арсенал во последните моменти од летниот преоден рок се обидуваше да го договори најголемиот трансфер во историјата на клубот, но не успеа во тоа.

Најголема желба на Венгер беше Томас Лемар од Монако, а наводно францускиот стратег за неговиот потпис понудил 90 милиони фунти во последниот ден од преодниот рок.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Сепак, трансферот не се реализираше, па како последица на тоа „топџиите“ ја одбија понудата од Сити тешка 60 милиони фунти за Алексис Санчез.

Лемар останува приоритет на Арсенал за наредните преодни рокови, најверојатно за следното лето, но проблем е конкуренцијата бидејќи за Французинот силен интерес покажува и Барселона.

Каталонскиот клуб би можел да му создаде големи проблеми на Венгер, бидејќи самиот фудбалер преферира преселба на „Камп Ноу“ наместо на „Емирати“.

Арсенал наредното лето ќе остане без своите две најголеми ѕвезди, Озил и Санчез, па ќе направи се за да го донесе Лемар во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…