Дома Фудбал Англија Венгер го откри играчот за кого би платил 100 милиони евра

Венгер го откри играчот за кого би платил 100 милиони евра

Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер за медиумите откри дека неговиот клуб понудил неверојатни 100 милиони евра за Томас Лемар и дека планира да оди во нов лов, откако Французинот одлучи да остане во Монако.

Лондонскиот клуб понудата ја испрати во последниот ден од трансфер периодот, кога изгледаше дека Алексис Санчез ќе си оди во Манчестер Сити, но по одбивањето на Лемар, двата трансфери пропаднаа и тоа во последниот ден од трансфер периодот.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


„Одлучи да остане во Монако. Дали испративме понуда од 100 милиони евра? Да, и ќе испратиме нова. Тој секогаш е подготвен да прими топка, комплетен играч е и офанзивно и дефанзивно“, изјави Венгер за „Telefoot“.

Лемар својата класа ја покажа и во дресот на Франција постигнувајќи го четвртиол гол против Холандија во победата од 4:0.


„Јас сум играч на Монако и сум среќен поради тоа. Се подготвувам за натпреварите, не ја губам главата поради гласините“, изјави фудбалерот, пренесува „Goal“.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фудбалерите го налутиле Вучиќ – летале со хрватски авион!

Репрезентативките на Србија го завршија учеството на Европското првенство, а претседателка…