Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер го одбра човекот кој ќе го замени на оваа позиција.
Францускиот стратег на клупата на „Топчиите“ е повеќе од две децении. Во клубот пристигна во 1996., а иако тимот веќе 15 години е без титула, раководството на лондонскиот клуб одлучи да му понуди договор до 2019. година.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тој во тој период ќе помогне во пронаоѓањето на соодветна замена, а како што се наведува францускиот стратег веќе одлучил кој тренер го посакува во Арсенал.
Се работи за некогашниот холандски фудбалер и актуелен тренер на Фејнорд, Џовани Ван Бронхост.
Овој 42-годишен стратег играше две години за „Топчиите“. Како тренер работи одлично и изминатата сезона по 18 години ја донесе титулата за тимот од Ротердам.
Како што се наведува, Венгер на раководството на клубот му соопштил дека овој стратег е идеална негова замена на клупата и нема да биде чудно ако Холанѓанинот веќе следната сезона седне на клупата на Арсенал.