Дома Фудбал Останато Вацке: Јунајтед понуди повеќе за Халанд, но Раиола одлучи да дојде во Дортмунд

Вацке: Јунајтед понуди повеќе за Халанд, но Раиола одлучи да дојде во Дортмунд

Извршниот директор на Борусија Дортмунд, Ханс Јоаким Вацке откри дека агентот на Ерлинг Халанд го избрал германскиот клуб, иако имал подобра понуда од Манчестер Јунајтед.

Во јануари 2020 година Халанд го напушти Салцбург и се пресели во Борусија Дортмунд, но Манчестер Јунајтед понудил повеќе.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Меѓутоа, неговиот менаџер Мино Раиола одлучил да го трансферира Халанд во Дортмунд бидејќи сметал дека тоа ќе биде правилен потег за развојот на неговата кариера.

Халанд во Дортмунд се етаблираше во еден од најдобрите фудбалери во светот, неговата цена повеќекратно порасна, па очигледно Раиола бил во право.

„Понудата од Манчестер Јунајтед беше подобра. Меѓутоа, Раиола сметаше дека Ерлинг ќе биде подобар во нашиот тим. Луѓето гледаат дека талентираните фудбалери најбрзо успеваат кај нас. Тоа е силен аргумент кога преговараме со млади фудбалери. Немаме никаков проблем да му дозволиме на едно 17 годишно момче да игра за првиот тим“, изјави Вацке.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…