Тимот на Вардар денес од 13:30 часот ќе игра против Струга Трим Лум, а во овој натпревар црвено-црните нема да ги предводи Александар Васоски.
Како што Вардар потври, Васоски нема да биде во можност да го води Вардар поради смртта на неговиот татко.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
“Нашиот шеф на стручен штаб, Александар Васоски, нема да биде во можност да ја води екипата на денешниот меч со Струга поради смртта на неговиот татко. ФК Вардар изразува длабоко сочуство на Александар Васоски и неговото семејство во овие тешки моменти“, стои во соопштението на клубот.