ВАР наскоро може да стане минато во фудбалот, а новиот систем FVS (Football Video Support) треба да го замени.
Истиот е тестиран од ФИФА со одобрение од Одборот на Меѓународната фудбалска асоцијација (IFAB).
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
Секој кој следи фудбал веќе знае како функционира ВАР. Судијата одлучува кога сака да погледне клучна ситуација која би можела значително да влијае на исходот на натпреварот.
Со системот FVS, одлуката би била на тренерите, кои би можеле да побараат од судиите да прегледаат некои ситуации.
Ова не е ништо ново, во НБА лигата тренерите имаат право да ги оспоруваат судиските одлуки, како и тренерите на НФЛ, а самите тенисери можат да побараат преиспитување на судиската одлука. Системот FVS беше тестиран на натпреварите на светските првенства за жени до 17 и до 20 години.
“Имате ограничен број прегледи на судиските одлуки, само две по натпревар. Кога грешите, губите еден. Затоа вие како тренер не смеете да ги трошите за време на натпреварот. Мораме да најдеме решение за да може секој да ја има оваа технологија. Многумина не можат да си дозволат ВАР, но FVS може да биде попристапен“, заклучи Колина во интервју за ESPN.
“Ние сме само на почетокот на тестирањето и правиме детална анализа. Засега не забележавме ништо изненадувачки. ФИФА, како што е договорено, ќе достави извештај до ИФАБ. Тие ќе побараат продолжување на тестирањето. – изјави шефот на судиите на ФИФА, Пјерлуиџи Колина.
Нема повеќе ВАР просторија
Процедурата ќе биде таква што тренерот ќе ја прекине играта доколку смета дека судиската одлука била погрешна. Судијата потоа ќе отиде на екранот и ќе го погледне видеото од различни агли. Во кабината повеќе нема да има ВАР судии, туку ќе има само техничар кој ќе ги премотува видеата. Затоа, нема да има предлози до судијата од ВАР просторијата како досега.