Јувентус вечерва во драматичен натпревар ја победи Џенова со 2:1.
Италијанскиот шампион не беше на потребното ниво и за трите бода стравуваше се до последните минути, Џенова пак од друга страна иако прикажа добра игра Торино го напушта со пораз.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
До предност домаќинот и фаворит на овој натпревар стигна после 36 минути игра преку Леонардо Бонучи. Џенова преку Куаме пет минути подоцна успеа да изедначи. Овој гол на Куаме дефинитивно е еден од најчудните во последно време. Куаме шутираше со десна, се погоди во левата нога и на тој начин го измами Буфон.
Juventus 1 – [1] Genoa, Kouamehttps://t.co/e9mdVeNoMz pic.twitter.com/3UK3BCPEJY
— GoatWorldSports (@GoatWorldSport1) October 30, 2019
На стартот на второто полувреме втор жолт картон и исклучување заработи Касата. Црвен картон видовме и на спротивната страна, а го доби Адриан Рабио во 87-та минута.
Најголемите возбудувања ги видовме во самата завршница. Роналдо во 93-та минута постигнува гол, но ВАР го поништува поради офсајд. Сепак, веќе во следниот напад Јувентус добива пенал, а најсторгата казна во гол за победа ја претвори токму Португалецот.
GOAL!
— RouteOneFootball (@RouteOneFootbal) October 30, 2019
Cristiano Ronaldo wins the game for Juventus after scoring from the penalty spot in injury time!#JuventusGenoa
pic.twitter.com/v6CBvPBSTp
Со овој триумф Јувентус се враќа на лидерската позиција со еден бод повеќе од Интер.