Финалето во Лигата на шампионите денеска е во центарот на вниманието, но денеска се решава и титулата во македонското ракометно првенство и тоа во последното коло.
Еурофарм Пелистер во последното коло влегува како лидер на табелата, меѓутоа за шампионската титула не смее да загуби од Алкалоид.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На избраниците на Бранислав Ангеловски потребна им е победа или реми за титула, додека Вардар чека помош од Алкалоид и со победа против Бутел би ја вратиле шампионската круна.
Двата натпревари се играат од 18:00 часот, па ќе биде интересно да се проследи како ќе поминат натпреварите.
Ќе потсетиме, неодамна Алкалоид го победи Еурофарм Пелистер во финалето од Купот на Македонија.