Дома Македонски спорт Мак ракомет Вардар убедливо запиша уште една победа против Загреб во ЛШ

Вардар убедливо запиша уште една победа против Загреб во ЛШ

Вардар славеше и во третото коло од Лигата на шампионите, славејќи на домашен терен против ППД Загреб со 28:21.

Црвено-црните забележаа три лоши минути на стартот, а во истите противникот успеа да поведе со 3:0. Потоа, Вардарци се вратија во игра и го контролира мечот во остатокот.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во првиот дел во самиот финиш беа изнудени неколку пенали и исклучувања, што му помогнаа на европскиот шампион да создаде три позитива на полувреме, односно 13:10.

Во вториот дел одбраната на Вардар се покажа одлично, а доказ за тоа се и осуммте празни минути на противникот без ниту еден постигнат погодок.

Одличниот состав на Гонзалес само рутински потоа ја запиша и третата победа оваа сезона во европското натпреварување.

Во таборот на нашиот тим, Македа и Борозан постигнаа по 4 погодоци и беа најпревизни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар доби шанса за одмазда против Монпелје (ВИДЕО)

Вардар во четвртфиналето од Европската лига ќе се соочат со Монпелје, тим кој до оваа фаза…