Најтрофејниот македонски клуб Вардар денес објави уште две нови засилувања за новата сезона во ПМФЛ.
Станува збор за 22-годишниот лев бек Сеук Гјун-Ким и 18-годишниот Марио Костов.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Вардар почна да составува екипа за следната сезона во која има високи амбиции, а Гјун-Ким игра на позицијата лев бек, додека Костов е млад напаѓач.
Вардарци се наоѓаат на подготовки во Раденци, Словенија и наредните денови ќе играат два пријателски натпревари, против Динамо Загреб и Свонси.
Коментари