Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар и Скопје битката за ПМФЛ ќе ја водат во Кавадарци!

Вардар и Скопје битката за ПМФЛ ќе ја водат во Кавадарци!

Откако по натпреварите во претпоследното коло од ПМФЛ стана јасно дека Скопје ќе биде противникот на Вардар во баражот за место во најдобрите следната сезона сега се познати местото и датумот на одигрувањето на натпреварот.

Скопје и Вардар ќе играат еден натпревар на неутрален терен и одлучено е да се игра во Кавадарци на 21-ви мај од 17:00 часот.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Од кога се игра еден натпревар секогаш се игра во град од кои не доаѓа ниту еден од двата учесници.

Ќе потсетиме, еден ден претходно на теренот на ФФМ во Скопје ќе се одигра финалето во Купот на Македонија помеѓу Македонија Ѓорче Петров и новиот шампион во првенството Струга Трим Лум.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…