Македонскиот и европски шампион Вардар го нагости тимот на Мотор Запорожје во рамките на СЕХА лигата и му се реваншира за поразот во Украина.
Двата тима играа со комбинирани состави пред дуелите во Лигата на шампиони, а Вардар наметна свое темпо од почеток и имаше водство скоро во целиот дуел за на крајот да издвојува убедлива победа 44:37.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Гостите од Украина одлично се држеа во првиот дел кој најави дека ќе гледаме ефикасен натпревар и заврши со предност на Вардар од 20:19.
Во второто полувреме на голот првпат застана Марко Кизиќ, кој одбрани три удари во птрвите четири напади на Мотор и му дозволи на Вардар да се одлепи. Потоа „црвено-црните“ постојано ја зголемуваа разликата за на крај да постигнат 44 гола и да запишат победа од седум гола разлика.
Тимур Дибиров беше најефикасен кај Вардар со 11 гола, а го следеше Чипуќ со 9 гола.