Дома Македонски спорт Мак фудбал Вардар го објасни недоразбирањето со Бешикташ

Вардар го објасни недоразбирањето со Бешикташ

Многу прашина во јавноста се крена околу ситуацијата помеѓу Вардар и Бешикташ.

Пред неколку дена Вардар објави дека Бајрам Билим, шефот на скаутската служба на турскиот актуеле шампион бил во посета на клубот и била договорена соработка. За вчера Бешикташ да објави дека немало никаков договор за соработка, сепак денес ја потврдија средбата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На јавноста и беше нејасно, па Вардар сега изглезе со објаснување и ви го пренесуваме во целост:

„Заради недоразбирањата околу соработката на ФК Вардар со турскиот Бешикташ, должни сме да ја известиме јавноста дека споменатата средба со Бајрам Билим, шефот на скаутската служба на турскиот актуелен првак, беше одржана и воспоставените контакти официјализирани, за можна натамошна соработка. Без оглед на сегашната состојба и позиции, Вардар е македонска фудбалска и спортска гордост, извориште на плејада извонредни фудбалери низ изминатите децении, за да може да си дозволи со лажни информации да го привлекува вниманието на јавноста. Објавеното се покажа дека е точно а демантот за вистинитоста е поткрепен (во желба за оправдување) со контра демант од таборот на Бешикташ, кој денес преку својата официјална страна ја потврди средбата и контактите за соработка. Некаде скинатата алка на синџирот на медиумскиот тим на Бешикташ придонесе реакции и во македонските медиуми, создавајки сомнеж во функционалноста на нашите структури.На овој начин фудбалскиот клуб Вардар им се заблагодарува на сите добронамерни, потврдувајки ја зацртаната цел на клубот за враќањето на старите позиции и уште повисоки дострели меѓу кои спаѓаат и ваков вид на официјални соработки со големи Европски клубови, каде секако спаѓа и оваа со Бешикташ“, стои во соопштението.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…