Дома Трансфер зона Варан се договори со Манчестер Јунајтед

Варан се договори со Манчестер Јунајтед

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Рафел Варан постигнал договор со раководството на Манчестер Јунајтед за трансфер на „Олд Трафорд“.

Французинот ги договорил личните услови со „црвените ѓаволи“ и ќе потпише 5-годишен договор, тврдат шпанските медиуми.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Варан влезе во последната година од договорот со Реал Мадрид и одби да ја продолжи соработката, па „кралевите“ ќе мора да го продадат ова лето.

Манчестер Јунајтед е спремен да понуди 60 милиони евра за потписот на Варан, но Реал не попушта и бара 70 милиони евра за неговата слобода.

Преговорите помеѓу двата клуба продолжуваат, а медиумите се оптимисти дека ќе најдат заеднички јазик со вклучени бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…