Рафаел Варан ќе има „успомени“ од натпреварот против Барселона во шпанскиот куп.
Дека фудбалскиот дуел на најголемите ривали во Шпанија е нешто повеќе од натпревар и дека често преминува во вистинска „војна“, сведочи фотографијата која на својот профил ја објави Рафаел Варан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ел Класико“ натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Барселона имаше нова епизода во реваншот од полуфиналето на Копа Дел Реј каде што Каталонците во натпревар во кој ги искористија своите шанси славеа победа со 3:0 и така со вкупни 4:1 обезбедија финале.
На играчите на Реал не им беше лесно во дуелите со Меси и екипата. Модриќ се најде на столбот на срамот после еден неспортски потег да го запре Аргентинецот со влечењето за дрес, а фотографите сето тоа го забележаа.
Но, болни успомени од „Класико“ ќе има и Варан кој водеше жестоки дуели со напаѓачите на Барселона. Тој објави и како изгледа неговата нога после дуелите со Меси, Суарез и останатите напаѓачи на Барселона.
Варан освен повредата на ногата си постигна и автогол, па така може да се каже дека вчера имаше ноќ за заборав.
https://www.youtube.com/watch?v=Pi_-Ci1iNvg
Сепак, Французите и неговите соиграчи ќе имаат прилика за реванш за неколку дена кога на програмата е „Ел Класико“ во првенството. Реал Мадрид и Барселона повторно ќе играат веќе во сабота во Мадрид со почеток од 20:45 часот.