Дома Фудбал Останато Ван Перси со порака до Манчестер Јунајтед: Кавани е брилијантен играч, гол машина

Ван Перси со порака до Манчестер Јунајтед: Кавани е брилијантен играч, гол машина

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Робин Ван Перси испрати порака до раководството на „црвените ѓаволи“ да го купат Едисон Кавани.

Ван Перси на прашањето кој напаѓач би требало да го доведе Манчестер Јунајтед одговори преку Твитер.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Едисон Кавани е брилијантен играч и достапен. Гол машина“, напиша Холанѓанецот.

Кавани во последниот преоден рок беше блиску до трансфер во Атлетико Мадрид, се водеа преговори, но на крајот договор поради некоја причина не се постигна.

Уругваецот оваа сезона не добива премногу шанса за игра во Париз. На лето завршува неговиот договор со ПСЖ и јасно е дека ќе ја промени средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Легендарниот Алесандро Неста пристигнува во Премиер лигата?

Роберто Де Зерби на крајот попушти, не можеше да одолее на привлечната финансиска понуда о…