Ливерпул и Тотенхем на 1-ви јуни на стадионот „Ванда Метрополитано“ ќе го играат финалето во Лигата на шампионите.
Ќе биде ова втора година во низа тимот од „Енфилд“ да игра финале во ова натпреварување, а стоперот на Ливерпул Вирџил Ван Дијк смета дека болното искуство од минатата година после поразот од Реал Мадрид може да им послужи во овогодинешното финале.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул беше поразен од Реал со 3:1 во натпреварот кој беше обележан со двете катастрофални грешки на Лорис Кариус.
Меѓутоа, Ван Дијк е убеден дека лекцијата од тој натпревар ќе му помогне на Ливерпул оваа година да одигра подобро против Тотенхем.
„Не размислував за минатогодишното финале, да бидам искрен, освен за головите. Нив ги прикажуваат секаде невозможно е да ги пропуштите“, изјави Ван Дијк и продолжи:
„Беше тоа многу тежок ден, но тој ден и научивме многу лекции. Не е тоа како: Можев подобро да одиграм. Повеќе тоа што се случи таа вечер ни служи како искуство. Научив многу. Да се биде таму и оваа година е нешто посебно“, смета холандскиот стопер.