Аталанта направи голем чекор кон пласман во полуфиналето на Лига Европа откако во првиот четврт-финален натпревар на „Енфилд“ го совлада Ливерпул со 3:0.
Головите за тимот од Бергамо ги постигнаа Џанлука Скамака (38, 60) и Марио Пашалиќ (83).
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Со оваа победа Аталанта ја прекина серијата од 33 меча без пораз на Ливерпул на „Енфилд“.
Последниот домашен пораз „Црвените“ го доживеаја во февруари минатата година од Реал Мадрид (2:5) во Лигата на шампионите, а потоа искомбинираа 28 победи и пет нерешени.
„Ова беше под нивото. Сè што можеше да тргне наопаку тргна наопаку и најпрво им се извинувам на навивачите.
Наше е да се фокусираме на натпреварите што претстојат и да се обидеме да го промениме ова“, рече капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк.
Реваншот во Бергамо е следниот четврток.