Дома Фудбал Англија Ван Дијк е подготвен за Манчестер Сити, но дилемата е во рацете на Јирген Клоп

Ван Дијк е подготвен за Манчестер Сити, но дилемата е во рацете на Јирген Клоп

Ливерпул го купи Вирџил Ван Дијк за рекордни 75 милиони од Саутемптон, а фантастичниот дефанзивец во дербито против Евертон постигна еден погодок.

Ван Дијк е подготвен да игра, но менаџерот на „Црвените“, Јирген Клоп тврди дека би можел да остане на клупата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Против Евертон покажа дека може лесно да се прилагоди на тимот, беше импресивен, тоа морам да кажам, иако не бев сигурен пред натпреварот дали да го ставам во првите 11. Сити е сосем поинаков меч, тактиката мора да биде што подотерана. Не сум сигурен дали Ван Дијк ќе игра“, порача Клоп.

Токму Манчестер Сити сакаше да го купи Ван Дијк, кој на крајот го избра Ливерпул. Средбата на „Енфилд“ се игра во недела од 17 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гвардиола: Дури и да го исфрлат Сити од Премиер лигата, јас ќе останам

Пеп Гвардиола вчера стави потпис на нов договор со Манчестер Сити и ќе остане на „Етихад“ …