Дома Фудбал Англија Ван Дер Сар ја откри тајната на успехот на Роналдо

Ван Дер Сар ја откри тајната на успехот на Роналдо

Едвин Ван Дер Сар за „FourFourTwо“ говореше за тоа зошто Кристиано Роналдо стана еден од најдобрите во историјата.

Во периодот кога Ван Дер Сар беше на голот на Манчестер Јунајтед приближно исти талент како Португалецот се сметаше и Вејн Руни, меѓутоа, многу поголема кариера направи Роналдо. За споменатиот медиум, Ван Дер Сар ја откри тајната на негоиот успех


„Двајцата даваа се од себе, но Роналдо направи чекор напред. Тој и надвор од терените беше детално фокусиран на се, како што е правилно отсуство и работа на телото. Исто така, по тренингот чесо вежбаше слободни удари“, изјави поранешниот холандски голман.

Ван Дер Сар поради Роналдо често морал да останува на теренот и по тренинзите.

„Дојде и ми рече ‘Едвин, можеш ли да стоиш на голот?’. Му реков дека сум стар и дека би било подобро да замоли некој од младите голмани, но инсистираше да бидам јас тоа, бидејќи сакаше мене да ми забија“, се сеќава Ван Дер Сар.

Исто така тој додаде дека Роналдо е одличен како личност и дека медиумската слика нема никаква врска со реалноста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ибрахимовиќ му дава отказ на тренерот, а потоа заминува: Три аматерски грешки кои го уништија Милан

Болоња го освои Купот на Италија со победа над Милан во финалето (1:0), по што е јасно дек…