Спортскиот директор на Ајакс, Едвин ван дер Сар потврди дека Манчестер Јунајтед покажува силен интерес за нивниот играч за врска, Дони ван де Бек.
Вчера пишувавме дека „црвените ѓаволи“ стапиле во контакт со неговиот агент и започнале преговори, а денес пристигна потврда од Ајакс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фактот што „кралевите“ се уште немаат комплетен договор со Ајакс им даде можност на „црвените ѓаволи“ да се вклучат во трката за неговиот потпис.
„Јасно е дека клубови како Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед покажуваат силен интерес за Дони Ван де Бек. Ние не сме приморани да ги продаваме нашите најдобри играчи, но не можеме да им стоиме на патот“, изјави Ван дер Сар.
Ајакс настојува да биде платена откупната клаузула од 50 милиони евра, додека Јунајтед се обидува да го комплетира трансферот за 40 милиони евра.