Манчестер Јунајтед започнал преговори со ѕваздата на Ајакс, Дони ван де Бек, пренесуваат англиските медиуми.
Холанѓанецот веќе подолго време се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, но „црвените ѓаволи“ сакаат во последен момент да го „украдат“ играчот пред носот на „кралевите“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Уште минатото лето Ван де Бек се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид, а наводно преговорите се одложени за ова лето.
Фактот што „кралевите“ се уште немаат комплетен договор со Ајакс им дава можност на „црвените ѓаволи“ да се вклучат во трката за неговиот потпис.
Манчестер Јунајтед направи вистински погодок со ангажманот на Фернандеш во јануари, а Солскјер сака да го комплетира средниот ред токму со Холанѓанецот од Ајакс.
Агентот на Холанѓанецот потврди дека ова лето ќе ја промени средината, а Јунајтед веќе започнал преговори со Ајакс. Спортски директор на холандскиот клуб е Ван дер Сар, што сигурно ќе ги олесни преговорите.
Цената на Ван де Бек моментално изнесува 50 милиони евра, сума која Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати.
United 'begin talks' over Donny van de Beek transfer #mufchttps://t.co/yJrM2DIhf4 pic.twitter.com/thnYWcvSbt
— Man United News (@ManUtdMEN) June 7, 2020