Вирџил Ван Дајк го користи слободното време кое им го создаде пандемијата со коронавирусот за да одговара на прашања поставени од фановите на социјалните мрежи.
Ван Дајк во разговор со фановите претходно ги истакна Агуеро и Меси како најтешки противници во неговата кариера, а сега доби задача да ја избере неговата најдобра петорка. Услов беше да не избира играчи од неговиот тим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Она што е интересно е што Ван Дајк избра дури тројца играчи од ривалот на Ливерпул, Манчестер Сити.
Петорката која ја избра Ван Дајк: Едерсон, Лапорт, Де Брујн, Сон и Обамејнг.