Дома Фудбал Останато Ван Гал раскажа како газдата на Тотенхем од неговиот дом си заминал во багажник

Ван Гал раскажа како газдата на Тотенхем од неговиот дом си заминал во багажник

van gal

Славниот холандски тренер Луис Ван Гал, поранешен селектор и поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед имаше интервју за холандските медиуми.

Ван Гал откри дека пред Светското првенство во 2014 година кога Холандија ја одведе до третото место имал понуда од Тотенхем, но сепак го избрал Манчестер Јунајтед. Газдата на Спарси, Даниел Леви дошол да преговара со него во Холандија.


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


„Леви дојде во мојот дом во Нордвик, а замина сокриен во багажникот на автомобилот бидејќи надвор имаше новинари“, откри Ван Гал па продолжи.

„Преговорите траеа навистина долго и така Манчестер Јунајтед имаше прилика да испрати понуда“.

На крајот го избрал Јунајтед затоа што за него тоа е најголем предизвик во Англија. Тотенхем место Ван Гал го доведе Покетино. На „Олд Трафорд“ остана две години, а потоа го наследи Жозе Мурињо.

Во овој момент тој нема амбиции да влегува во фудбалот повторно.

„Во пензија сум и немам амбиции да бидам технички директор или пак аналитичар. Мојата сопруга ја остави работата пред 22 години. Јас и кажав дека ќе работам до 55, но останав до 65. Таа има право на живот со мене без фудбал и можам да кажам дека е многу среќна“, изјави Ван Гал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Милевски откри од кои фудбалери очекувал повеќе денеска

Македонската фудбалска репрезентација денеска одигра само реми против Фарски Острови (1:1)…