Дома Фудбал Англија Ван Гал проговори за Јунајтед: Побарав десет играчи, не ми донесоа ниту еден

Ван Гал проговори за Јунајтед: Побарав десет играчи, не ми донесоа ниту еден

Поранешниот тренер на Манчестер Јунајтед, Луи ван Гал проговори за времето поминато на „Олд Трафорд“ и не пропушти прилика да го критикува раководсвото на клубот.

Луи ван Гал седна на клупата на Манчестер Јуанјтед во 2014 година заменувајќи го Дејвид Мојс и остана две сезони.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Холанѓанецот открива дека доставил список со десетина играчи кои сакал да му бидат донесени, но не му бил доведен нуту еден.

„Го сакав Роберт Левандовски, но кога видов дека е тешко да го донесеме се обидов да го донесам Гонзало Игуаин.Пред да пристигнам, зборував со раководството и за Нејмар. Ако сте во Јунајтед, мора да размислувате и на највисоките цели. Тој беше интересен за клубот и за продажба на дресови“, открива Ван Гал.

„Јас сакав брзи крила, од таа причина пробав да го донесам и Садио Мане, како и Ријад Махрез. На мојот список беше и Томас Милер, додека за во средината го барав Нголо Канте. За во одбраната, ги сакав Серхио Рамос и Матс Хумелс, бидејќи оние кои ги имав не беа добри во градењето игра од позади“.

„Ова беа моите топ трансфер цели, но не донесовме ниту еден играч од нив, ми донесоа петти опции. Не знам зошто, бидејќи како менаџер не бев инволвиран во преговорите“, додаде Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Официјално: Станишиќ во Баерн до 2029

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Јосип Станишиќ, ја продолжи верноста со клубот. Станишиќ беш…