После една година Луј ван Гал реши да проговори за отказот од Манчестер Јунајтед и го обвини раководството дека му работеле зад грб.
Холандскиот стратег вели дека тоа било најголемо разочарување во неговиот живот, а поради начинот на кој го добил отказот решил да си го наплати целиот договор.
Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓
„Притисокот беше огромен со оглед на тоа што главата ми беше врзана во јамка, а уште полошо е тоа што ми било работено зад грб. Мислам дека се беше однапред испланирано како филм, очигледно е дека ми се работело зад грб уште од јануари. Ми кажаа за мојот отказ откако веќе се беше познато во јавноста, тоа беше најголемото разочарување во мојот живот“, открива Ван Гал.
Јунајтед не разговараше со мене за тоа и јас бев комплетно разочаран. Ако дојдеа кај мене и искрено ми кажеа за проектот со Мурињо, ќе го прифатев тоа. Ќе го дадев максимумот во последните шест месеци пред доажањето на Мурињо. Ако го направеа тоа, ќе се спасеа од плаќањето на мојата плата во последната година. Но после тоа што го направија, ги натерав да го платат и последниот цент“, додава Холанѓанецот.