Дома Топ вести Ван Бастен за можниот трансфер на Меси: Жално…зарем мора да оди по тие пари?!

Ван Бастен за можниот трансфер на Меси: Жално…зарем мора да оди по тие пари?!

Во текот на денешниот ден „Франс Фудбал“ објави информација дека Меси одлучил да се приклучи на Ал Хилал во Саудиска Арабија (ТУКА), иако подоцна познатиот Фабрицио Романо ги демантираше ваквите најави (ТУКА).

Романо потенцираше дека понудата за Меси постои од пред еден месец, но дека Аргентинецот не донел конечна одлука.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На оваа тема се огласи сега и поранешниот легендарен фудбалер, Марко Ван Бастен. Славниот Холанѓанец смета дека Меси не треба да направи таков потег.

„Тоа би било жално…Зарем мора да оди таму по тие пари? Заработил сигурно и повеќе од доволно, прави го она што сакаш. Не можам да замислам, може да игра каде ќе посака и да оди во Саудиска Арабија?!“, се запраша Ван Бастен со краток коментар во емисијата „Рондо“ на „Зиго Спорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…