Тренерот на Валенсија, Марселињо Гарсија Торал денес доби отказ, потврди шпанскиот клуб.
После само три одиграни кола ова е навистина изненадувачка одлука на Валенсија, но медиумите тврдат дека одлуката била лично од претседателот и сопственик Петер Лим.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Двајцата имале личен конфликт поради мешањето на сопственикот во спортско техничките одговорности на тренерот.
„Валенсија сака да соопшти дека Марселињо Гарсија Торал веќе не е тренер на првиот тим. Клубот сака да му се заблагодари за работата, за посветеноста и успесите кои ги оствари во оваа етапа“, се вели во краткото соопштение.
Лим не е во добри односи и сака да ги избрка и спортскиот директор Матео Алемани, кој пак е најзаслужен за доаѓањето на Марселино во клубот на почетокот на 2017 година.
Се очекува на кормилото на Валенсија да седне бившиот селектор на младата шпанска репрезентација, Алберт Селадес.