Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде ќе се обиде во јануари дополнително да го засили тимот.
Каталонскиот гигант оваа сезона има доста проблеми во дефанзивата. Валверде не е задоволен од игрите на стоперската линија и во јануари ќе се обиде дополнително да го засили составот со неколку нови фудбалери.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Речиси сигурно засилување е Колумбиецот, Јери Мина. Со фудбалерот на бразилскиот Палмеирас наводно се е договорено и тој ќе стане нов член на Барса.
Валверде нема да застане само со него. Сака да доведе уште еден стопер, а кандидати за таа позиција има повеќе. Главната желба е фудбалерот на Наполи, Калиду Кулибали, додека кандидати се и двајцата млади француски стопери, 18-годишниот Дан Загаду од Борусија Дортмунд и 20-годишниот Муктар Дијакаби од Лион.
Она што е сигурно е дека не чека уште еден „топол“ трансфер период, иако трансферите ќе се направт во студените јануарски денови.