Дома Трансфер зона Валверде донeсе одлука: За овие тројца нема место на „Ноу Камп“!

Валверде донeсе одлука: За овие тројца нема место на „Ноу Камп“!

Eрнесто Валверде ротира, но за овие тројца и понатаму нема место во тимот.

Тренерот на Барселона, Ернерсо Валверде, го соопшти списокот, на играчи за претстојниот натпревар од Лигата на шампионите против Спортинг Лисабон.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Покрај Рафиња и Осман Дембееле кои се повредени, надвор од тимот поради техничка одлука на тренерот и понатаму се Томас Вермален, Арда Туран и Пако Алкасер.

За првите двајца веќе од поодамна е познато дека нема место во тимот, но сега тука е и Пако Алкасер кој доби шанса на стартот од сезоната, но не ги оправда очекувањата.

Каталонските медиуми шпекулираат дека споменатите фудбалери се први на трансфер листата, но прашање е дали ќе успеат да пронајдат нов клуб во текот на зимскиот преоден рок или пак ќе мора да го чекаат наредното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Серхио Рамос ќе го купува својот поранешен клуб за 450 милиони евра

Серхио Рамос постигна согласност со група клучни акционери за купување на фудбалскиот клуб…