Дома Топ вести Валверде ги пречкрта –овие 5 фудбалери заминуваат од Барса!

Валверде ги пречкрта –овие 5 фудбалери заминуваат од Барса!

Барселона до крајот на преодниот рок ќе се обиде да донесе барем уште едно засилување, но во исто време сака да се „ослободи“ од некои фудбалери на кои нема да смета Валверде.

На листата за заминување се Даглас Переира, Мунир, Андре Гомеш, Арда Туран, Рафиња, а можно е да замине и Денис Суарез.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Најголема заработика Барса може да има од Андре Гомеш, кој може да биде дел од пакетот за трансферот на Ди Марија од ПСЖ. Медиумите тврдат дека Аргентинецот наводно побарал трансфер бидејќи сака да се пресели на „Камп Ноу“.

Арда Туран е најблиску до Галатасарај, додека Мунир најверојатно ќе се пресели во Серија А каде силен интерес за него покажуваат Торино и Сампдорија.

Рафиња има понуди од Италија и Англија, додека Даглас Переира е пред трансфер во Бенфика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…