Дома Фудбал Валверде во Барселона изедначи негативен рекорд стар 20 години!

Валверде во Барселона изедначи негативен рекорд стар 20 години!

Барселона оваа сезона игра променливо во Ла Лига и денес доживеа пораз од Реал Бетис со 4:3.

Она што тренерот на каталонската екипа, Ернесто Валверде треба да го загрижува е бројот на примени погодоци.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Интересно, Барселона не успеала да ја зачува својата мрежа уште од второто коло против Рајо Ваљекано, од тогаш Каталонците примаа барем еден гол на десет натпревари во низа со што собори негативен рекорд стар 20 години.

Последен пат вака очајни Каталонците беа во 1998 година кога тимот го водеше Луис Ван Гал, тогаш одбраната на Барселона капитулираше во 12 натпревари во низа.

Во следните два натпревари Барселона ќе игра против Атлетико Мадрид и Виљареал, па доколку Каталонците не ја сочуват мрежата на двете средби, Валверде ќе го изедначи негативниот рекорд стар 20 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Болоња го победи Милан и после 51 година дојде до трофеј

Екипата на Болоња е освојувач на трофејот во Купот на Италија, откако минимално со 1:0 сла…