Дома Фудбал Италија Вака изгледа идеалниот тим во Серија А според „ОПТА“ ?

Вака изгледа идеалниот тим во Серија А според „ОПТА“ ?

Експертите на „ОПТА“ кои најмногу се занимаваат со статистика ја следеа и штотуку завршената сезона во Серија А во која објавуваа голем број интересни информации, а на крајот ги избраа и најдобрите 11.

Во идеалниот тим шампионот Јувентус како претставници ги има Роналдо и Дибала во нападот, Квардадо како десен бек и Шчесни кој остварил најдобри бројки помеѓу голманите во најсилната италијанска конкуренција.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер кој сезоната ја заврши на второто место со еден бод помалку од Јувентус има само еден претставник и тоа е стоперот Де Фрај. И Аталанта која прикажа фантастичен фудбал сезонава има само еден претставник, а тоа е Папу Гомез.

По еден играч во тимот има од Наполи и Милан, тоа се Фабијан Руиз и Тео Ернандез.

Лацио во најдобрите 11 има тројца претставници и тоа по еден во секоја линија, Ачерби, Луис Алберто и најдобриот стрелец во првенството Чиро Имобиле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фиорентина прв финалист во Лигата на конфереции🎥

Екипата на Фиорентина е првиот финалист во Конференциската лига, откако го елиминира белгс…