Eкипата на Работнички денеска славеше со 1:0 на гости кај штипска Брегалница.
Тимот од Дебар Маало под водство на Горан Станиќ започна да прикажува одлични настапи и веќе трет натпревар е без пораз со учинок од две победи и едно реми.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Одлучувачкиот момент на денешниот натпревар се случи во 59. минута кога Гандо Биала го постигна единствениот гол на натпреварот.
Во овој момент Работнички се искачи на седмото место со осум повеќе од Воска која е на позиција која води во баражот за опстанок.
Преостанатите натпревари од ова коло се играат утре, а се сретнуваат: Гостивар – Брера, Македонија ЃП – Струга, Силекс – Шкупи, Тиквеш – Шкендија и Вардар – Воска.