Пред неколку дена легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон потврди дека ќе го напушти Јувентус на крајот од сезната.
Буфон заминува од Јувентус, но и покрај тоа што има 43 години не размислува на пензија. Во медиумите се поврзуваше со можен изненадувачки трансфер во Барселона, а сега во игра влегува и Парма.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Парма одигра лоша сезона и наредната сезона ќе бидат дел од Серија Б, па се најавува дека Буфон е спремен да помогне на својот клуб побрзо да се врати во италијанската елита.
Сигурно дека со враќањето на Буфон во Парма би се испишала една убава приказна за „млекарите“, токму во овој клуб Буфон се појави на големата сцена, а потоа следуваше трансфер во Јувентус.
Навивачите на Парма секако се надеваат дека ваквите најави на медиумите ќе станат и реалност.