Дома Фудбал Италија Буфон се уште не донел одлука дали ќе игра и следната сезона

Буфон се уште не донел одлука дали ќе игра и следната сезона

Легендата на Јувентус и италијанскиот фудбал, Џанлуиџи Буфон се уште не донел одлука дали ќе се пензионира или ќе игра и следната сезона, откри неговиот агент.

42-годишниот голман ова лето се врати во Јувентус после авантурата во ПСЖ и потпиша договор на една година, но постои можност на крајот на сезоната да го продолжи договорот.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


„Се уште нема донесено одлука за својата иднина. Работите засега се одвиваат добро, но не сме зборувале за иднината“, откри агентот Силвано Мартина.

Јувентус не игра убедливо оваа сезона, но е во игра за сите трофеи, а Буфон во неколку наврати покажа дека и покрај години се уште е корисен за „старата дама“.

„Не се сите сезони исти. Тешко е да се освои Скудетото, а да не зборуваме за девет пати по ред. Лацио е во предност бидејќи не игра во Европа“, смета Мартина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Официјално: Станишиќ во Баерн до 2029

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Јосип Станишиќ, ја продолжи верноста со клубот. Станишиќ беш…