Дома Фудбал Италија Буфон не размислува за пензија, сака нов договор со Јувентус

Буфон не размислува за пензија, сака нов договор со Јувентус

Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон не планира да ја прекине кариерата на крајот од сезоната, иако веќе влезе во петтата деценија од животот.

Четириесет и едногодишниот Италијанец сака да го продолжи договорот со клубот од Торино за уште една година, пренесува „Кориере дела Сера“.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Вечерва се очекува голманот да започне од првата минута на мечот против Сампдорија и така да постави апсолутен рекорд во Серија А. Ако Буфон влезе во игра, тогаш овој натпревар ќе стане за него 648-та во Серија А и ќе го сруши рекордот на Паоло Малдини.

Останува да видиме дали раководството на Јувентус ќе ја исполни неговата желба и ќе му понуди нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Проблеми за Алонсо: Се повреди уште една ѕвезда на Реал Мадрид

Уругвајската ѕвезда Федерико Валверде се соочува со нов здравствен проблем во редовите на …