Легендата на Јувентус, Џанлуиџи Буфон кој се уште активно брани на голот на Парма ја коментираше ситуацијата со неговиот поранешен клуб.
Сезонава на Јувентус му беа одземени 15 бодови поради нерегуларности во финаниското работење, а потоа бодовите се вратија на „старата дама“ за сега да има најави за нова помала казна.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Јувентус е обвинет за „пумпање“ на договорените оштети со другите клубови, односно продажба на играчи по нереално високи цени. Наводно, Јувентус тоа го правел за да ги избалансира клупските финансии.
Буфон е изненаден од таа ситуација.
„Искрено, мене тоа ме изненадува. Само нешто површно сфаќам што се случувало, не би навлегувал подлабоко, не сакам да ризикувам да кажам нешто глупаво. Сето тоа мене ми изгледа нормално, како и да е, не е мое да судам“, изјави Буфон.