Дома Фудбал Останато Буфон го откри најдобриот напаѓач на сите времиња и порача: Балотели треба да добие повик во репрезентацијата

Буфон го откри најдобриот напаѓач на сите времиња и порача: Балотели треба да добие повик во репрезентацијата

bufon

Легендарниот Џанлуиџи Буфон имаше интересно интервју за италијанските медиуми во кое откри кој според него е најдобриот играч кој некогаш истрчал на зелениот терен.

Покрај тоа Буфон смета и дека Марио Балотели кој прикажува солидни настапи за тимот на Ница треба да добие повик во репрезентацијата.


Нема одмор, по ЛШ не чека супер викенд: Тука е и Фантази! ↓↓↓


„Без оглед дали повторно ќе го видам на теренот заедно со мене, би бил среќен доколку Марио се врати во Италија. Се надевам дека ќе добие прилика да докаже дека созреал и дека се уште го има во себе тоа што го видовме на почетокот од неговата кариера. Поради настапите кои ги прикажуваше во последните две години сметам дека заслужува да добие повик. На крајот, треба да знаеме дека зборуваме за голем талент и потенцијал кој можеби се уште не го прикажал најдоброто од себе“, изјави Буфон.

Потоа тој зборуваше на Војчех Шчесни.

„Добри пријатели сме и имаме одлична соработка. Не спаси од неколку порази и ни овозможи заедно со Наполи да бидеме во трка за Скудетото. Неговиот прекар во соблекувалната е Тек“, открива Буфон.

Потоа беше запрашан за најдобриот помеѓу напаѓачите.

„Мислам дека тоа е Роналдо, „ИЛ Феномено“, оној од Интер. Не можете повеќе да најдете таков играч со таква, моќ, брзина и техника. Сега Меси ги има тие квалитети, но не е толку моќен. Во тоа време, во споредба со другите Роналдо навистина изгледаше како вонземјанин“, смета Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Алегри го менува Тен Хаг во Манчестер Јунајтед

Искусниот италијански стратег Масимилиано Алегри наскоро би можел да седне на кормилото на…