Џанлуиџи Буфон нема намера да се откаже и веќе најави дека и на 45 години во новата сезона ќе го брани голот на Парма.
Легендарниот голман постојано го одложува своето пензионирање и е ктивен во медиумите во Италија. Посебно Буфон ги следи и ги коментира случувањата во неговиот поранешен клуб, Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус се поврзува со две големи имња во овој период, Пол Погба многумина го сметаат за завршена работа, додека со Ди Марија работата понеизвесна.
Буфон смета дека доаѓањето на Ди Марија би било голема работа за Серија А во овој момент.
„Во овој момент Ди Марија за Серија А е како Марадона. Денес Серија А за жал е зад останатите првенства, Анхел со себе носи многу техника и тој може да биде клучен играч. Годините не се важни, важна е мотивацијата и страста. Неговото доаѓање секако би било голема работа“, смета Буфон.